Жителите на селото Сурин во северен Тајланд имаат нов идол пред кого се поклонуваат со надеж да им донесе среќа. Станува збор за жаба со шест нозе.
Животното го нашол Уан Конабан. Кога во баричка на својот имот ја видел жабата со четири, наместо две предни нозе, веднаш ја земал и ја однел дома.
Оттогаш соседите го посетуваат семејството почесто, за да му се поклонат на водоземецот и да си посакаат нешто за себеси. Најчестата желба до жабата е да им донесе добивка на лото.
Животното добива и подароци – најчесто цвеќиња и ароматични стапчиња.
Засега нема податок дали некој од идолопоклониците добил на лотарија.