Жителите на едно зафрлено село во Казхастан страдаат од мистериозна болест, која се манифестира со создавање течност во мозокот поради што заболените понекогаш спијат со денови.
Лекарите не можат да утврдат каква болест ги погодила 14 проценти од жителите на селото Калачи, кои освен повеќедневното спиење, се жалат и на вртоглавица, замор, проблеми со помнењето, а некои и на халуцинации.
Експерите ја ислкучуваат можноста за вирусни или бактериски инфекции, како што е менингитисот, а не е пронајдена ниту каква и да било хемикалија во почвата или водата во селото, која би можела да ја објасни оваа невообичаена појава.
Локалните жители сметаат дека причина за оваа „болест“ се околните напуштени рудници за уран кои датираат од советскиот период, меѓутоа рударите кои со години работеле во нив досега не се пожалиле на слични проблеми.