Англичанката Сара Колвил (38) од Плимут, која на 6 март 2010 година заспала после силните напади на мигрена, наредниот ден наутро се разбудила и отркила дека нагласокот својствен на нејзиниот роден крај со кој дотогаш зборувала англиски, се заменил со кинески акцент.
Во прашање е таканаречен синдром на странски акцент, нарушување толку ретко што во периодот од 1941 до 2012 година е забележан и потврден само 61 случаеви.
Единствено што за ова нарушување засега се знае е тоа дека е поврзан со главоболки, а Сара и до десет пати месечно има силна мигрена, против кои медицината е немоќна.
Освен тоа, ова нарушување претставува своевидно невролошко оштетување на мозокот, а како животот со него изгледа може да се види во новиот документарен филм на телевизијата Би-Би-Си, „Жената која се разбуди како Кинез“.
Неговата протагонистка Сара Колвил се обидува да ја долови нејзината непријатност која и ја предизвикува сопствениот глас и акцент, кој го доживува како туѓ, несоодветен со средината во која живее.
Притоа најмногу ја нервира фактот што луѓето кои ја сретнуваат редовно ја сметаат за страец а и се обидуваат да погодат од каде е, иако целиот живот го поминала и се уште живее во Плимут, својот роден град.
Откога тоа и се случило од 2010 година, Колвил максимално се труди да го врати својот стар акцент, но и покрај нејзините напори резултатите се слаби, а лекарите главно остануваат збунети пред овој проблем.