Вообичаено кога некој ќе забележи дека неговото омилено милениче на четири тркала ќе биде одведено од „Пајак“ службата, следува молење или карање.
Но реакцијата на оваа жена од Кина кога видела дека го качуваат нејзиниот автомобил е сосема неочекувана.
По кавгата со возачот на Пајакот, која не вроди со плод, таа се одлучи на бегство. Иако нејзиното возило веќе било подготвено за кревање, таа притисна на педалата за гас, влечејќи го со себе целиот камион.