Неговото име е Сергеј Веременко. Tој е Русин и милијардер. Благодарејќи на јагленот и челикот стана еден од најбогатите луѓе во Русија, а апетите со текот на времето му пораснаа, па неговиот список на интереси се најдоа и банкарството и трговијата на недвижности.
Екипа на емисијата „Вице“ реши да се позанимaва со олигархот за кого се тврди дека „владее со северот на Русија“, а рускиот богаташ со задоволство ги нагостил и им покажал како живеат 0,0001 проценти од населението во Русија.
За време на ручекот се придружила и неговата сопруга Софија Аржанкоскаја, која ја носи титулата „Мис на светот 2006“, до која, како што тврдат злобниците, дошла благодарејќи на врската со Веремеенко.
Љубовта кон уметноста, ловот на диви свињи, излежувањето во сауни и вотката, се само дел од она што ќе видите во ова видео, но најважната работа која ќе ја научите е дека со парите не може да се купи вкус.
Од друга страна, „мисицата“ и „северот на Русија“ не се лоша компензација.