ВИДЕО: „Виртуелен хор“ од 8.000 гласови за несекојднева изведба

Од:

Технологијата применета на вистински начин може да направи светот да изгледа неверојатно мал.

Тоа му успеа на добитникот на наградата „Греми“, композиторот и диригент Ерик Витакер со неговиот проект „Виртуеклен хор“, објави американскиот интернет портал Машабл.

Витакер овој проект го осмислил уште во 2009 година кога преку и-мајл добил видео снимка на Јутуб на која негова обожувателката пее сопран од неговата песна „Sleep“.

Тогаш на памет му паднала идејата дека кога доволен број луѓе би пеале сопран, алт, тенор и бас, би можел да состави виртуелен хор.

Првиот негов проект од тој тип се состоеше од комбинација од 250 гласови од 12 земји. Најновото дело „Виртуелниот хор 4 – Лет до рајот“ пак го сочинуваат над 8.000 гласови од 101 земја. Возраста на пејачите се движи од шест и 98 години.

Витакер на неговата интернет страница напиша: „Навистина станавме светски хор“.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ