ВИДЕО: Украинка се прошета по крилото на авион

Од:

Патничка од лет на релација Анталија – Киев го отворила излезот за итни случаи и се „прошетала“ по крилото пред да се врати во авионот, соопшти компанијата „Интернејшнл ерлајнс“ од Украина.

Необичниот настан се случил додека авионот се подготвувал за полетување. Капетанот, во согласност со упатствата, веднаш ги известил Службата за безбедност во воздухопловството, Граничната служба, полицијата и медицинскиот пункт на аеродромот Бориспол.

Жената била трезвена, а авиокомпанијата ја смести на својата „црна листа“ на патници, на коишто им се забранети услугите на таа компанија.

Полицијата и лекарите се обидоа да ја разјаснат причината за оваа постапка, но не добија соодветен одговор. Наводно, нејзе ѝ било многу топло. Утврдено е дека жената не била под дејство на алкохол или наркотични средства.

Таа, инаку, се враќала од одмор со сопругот и двете деца.

Настанот бил снимен од други патници и објавен на интернет.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ