(ВИДЕО) ТВ Водител: Смачено ми е од Кардашијанови. Тоа не е вест

Од:

Ако сте заситени од семејството Кардаџијан, кое едноставно доминира не само на социјалните мрежи, туку и на медиумите – не сте единствени.

Имено. Џон Браун, водител на утринската програма на една локална телевизија на Флорида, му „пукна филмот“ на сред емисијата откако јавноста морал да ја информриа за уште една работа поврзана со семејството Кардашијан.

– Одбивам денес да зборувам за семејството Кардашијан. Те оставам сама. Еми. Не можам, доста ми е од Кардашијанови. Не можам да поднесам уште една вест за нив.  Мачно ми е од нив. Не ми е грижа, тоа не е вест. Петок е, сакам да се забавувам, а не да зборувам за нив, се развика Браун, додека колешката се обидува да го смири.

Водителот подоцна се извини за испадот на неговата Фејсбук страница. – Извинете, малку полуев, но малку и се шегував. Но, се чувствувам подобро од кога го направив тоа, напиша Браун.

Секако, видеото на неговиот испад стана хит, а многумина му честитаа на искреноста.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ