На возач на турски автобус му е изречена парична казна и одземена возачка дозвола откако на интернет е објавена снимка каде танцува во текот на возењето во Истанбул, јавија локалните медиуми.
Снимката прикажува како возачот Метина Кандемир станува од седиштето среде возење за да игра „хорон“, традиционален црноморски танц, додека патниците подвриснуваат и плескаат во ритамот на музиката.
Дури во еден момент му се придружи и еден од патниците и заедно изведоа неколку брзи чекори по кој е познат овој танц.
Кога се вратил на седиштето, разгалениот Кандемир почнал да пее и да мавта со рацете.
Видеото, кое го снимил еден од патниците, стана интернет хит, но го сврте и вниманието на полицијата.
Возачот на кратко е уапсен и одземена му е возачката дозвола. Исто така, казнет е со парична каза од 160 туркси лири (55 евра).
– Тоа беше грешка. Се извинувам на сите. Тоа повеќе нема да се повтори“, вети Кандемери, кој работи како возач на минибус во последните десет години.