Тинејџерот Џуан Еспинал (17) од Вирџинија, кој боледува од церебрална парализа, го доживеа можеби најголемото изненадување во животот, кое му го приреди неговиот омилен играч во американски фудбал, благодарејќи на неговата другарка од училиште.
Морган Есел го замолила омилениот спортист на Еспинал од НФЛ Роберт Грифин, на натпреварот каде нејзиниот пријател бил во публиката, да му го прочита нејзиното прашање со кое го повикува да оди со неа на матурската прослава.
Иако Џуен не можел да каже ни да ни не, покал воодушевување што значи дека ќе ужива на својата матурска прослава.
Многу сум возбудена и благодарна што ми помогна Грифин. Многу значи што луѓето се подготвени да направат нешто вакво за Џуан, бидејќи тој е многу посебна личност и тој тоа го заслужува, изјави преубавата Морган, која не можеше да го сокрие солзите.