Густаво Анхел Тамајо, 23-годишен студент на колеџот „Брајан“ во Тенеси, ја воодушеви публиката давајќи четири коша по ред, со што освои 10.000 долари стипендија.
Тој требало да даде четири коша во рок од 30 секунди за да ја освои наградата, но со секое шутирање на баскетот далечината на кошот се зголемувала.
Во изјава Ен-Би-Си, Тамајо изјави дека никогаш дотогаш во животот не играл кошарка и дека четирите коша ги дал со скршен прст на ногата, кој го повредил при играње фудбал.
Иако е многу тешко да се поверува дека никогаш не играл кошарка, сепак станува збор за голем подвиг, со што се согласува и тренерот Дон Рекоски.
– Мораше да даде четири коша во најкус временски рок. Тоа е тешко, но ако успеете ќе ви се исплати. Тој освои 10.000 долари. Од тие еден дел веројатно ќе биде наменет за неговото школување, а дел од парите ќе ги стави в џеб, вели Рекоски.