Секоја година корисниците на социјалната мрежа Фејсбук добиваат многу роденденски честитки од своите пријатели, а Роденденската столица тие честитки ги претвора во прегратки.
Оваа столица ја развија компанијата Аутбек Стекхаус и бразилската маркентиншка агенција Lew`Lara/TWBA. Станува збор за интерактивна столица, која може да се „поврзе“ со Фејсбук, па вградените раце да го прегрнат славеникот секој пат кога ќе пристигне роденденска честитка.
Вакви столици до крајот на годината ќе бидат поставени во неколку бразилски градови.