ВИДЕО: Собрал 20.000 долари во монети и сите ги дал за помош на мачките

Од:

Рик Снајдер, 69-годишен жител од Флорида, одби да не работи ништо по заминувањето во пензија и наместо тоа се посвети на една од своите страсти: грижа за мачките што живеат во неговото соседство.

– Отсекогаш ги сакав животните и се грижев за мачките скитници со години. Забележав дека многу ситни пари лежат наоколу, па почнав да ги собирам и запишувам колку ги има, изјави Снајдер за „Брадентон Хералд“.

Откако почнал да го прави тоа пред десет години, Снајдер собрал 21.495 долари во монети што севкупно тежи е повеќе од еден тон. Секое утро се будел во четири часот, шетал низ градот, собирал ситни пари и ги хранел мачките. На ден минувал од 70 до 80 километри и собирал во просек по 5,60 долари дневно.

На почетокот си поставил цел да собере десет илјади долари. Кога ја надминал и втората цел на 20.000 долари, решил целата сума да ја донира на непрофитни организации кои ги водат волонтери и кои поголемиот дел од времето го поминуват грижејќи се за мачките во неговиот регион.

Претседателката на организацијата рече дека тоа е најголема донација на едно лице. – Сакам да им се заблагодарам на сите кои собираа ситни пари од улиците, рече таа.

– Еден од проблемите на пензионерите е тоа што стануваат премногу насочени сами на себе. Мојот совет е да се вклучат во нешто. Да направат нешто за некого друг, порачува Снајдер.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он