Четворица мажи со дозвола од сопственикот на автомобилот, со токмаци уништија скапоцен автомобил, а се во знак на протест заради лошата услуга во сервисот за автомобили.
Четворицата мажи со токмаци го искршија возилото Масерати, вредно околу 423.000 долари на отворањето на Меѓународниот автомобилски саем во еден кинески град. Еден од нив објасни дека сопственикот ги замолил да муго искршат автомобилот во знак на протест поради лошата услуга на сервисот за автомобили.
Сопственикот на Масерати автомобилот го купил во 2011 година, а проблемите почнале тогаш кога автомобилот го однел на сервис. Затоа што не бил задоволен со услугите во сервисот, тој се одлучил на овој радикален протест.