Еден Американец од гардот Понтијак се досетил на „генијален план“ да ги замени броевите на неговата и на една куќа во соседството, со цел да го спаси својот дом од уривање.
Тој успеал во планот за спасување на неговата куќа, бидејќи наместо неа бил урнат домот во соседството. Но, задоволството на „генијалецот“ траело кусо, бидејќи неговата измама била откриена и набрзо бил урната и неговата куќа.
Првата урната куќа била напуштена и во неа повремено престојувале бездомници, но сепак, овој „досетлив“ жител на американската сојузна држава Мичиген наскоро ќе се соочи и со судските власти поради неговата измама.