ВИДЕО: Снимка од пензионер кој полуде и брка мотоциклист со автомобил додека не го собори

Од:

Пензионерот Греам Робинсон (69) од заливот Кинмел, Северен Велс, е осуден на осум месеци затвор откако се изјаснил за виновен за опасно возење и попречување на полицијата.

Имено, тој во сообраќајот се „пресмета“ со мотоциклистот Лиам Гест, а на суд тврдел дека Гост му го удрил ретровизорот од автомобилот, па затоа избезумено го бркал низ улиците на градот. Се завршило со тоа што тој го удри мотоциклистот со својот автомобил во градината на една куќа.

Оваа непријатна ситуација ја снимила камерата во неговиот автомобил.

Наводно се започнало кога мотоциклистот го престигнал обвинетиот. Прозорецот бил спуштен, а пензионерот наводно го нарекол „пи*ка“ и го плукнал.

Судијата му рекол на пензионерот дека го користел неговиот автомобил „како оружје против ранлив учесник во сообраќајот“. Тој е осуден на три години и четири месеци забрана за управување со возило со задолжителен повторен испит.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ