Фудбалерите на Барнли го совладаа Њукасл со 1:0 во натпреварот од 17. коло во Премиер лигата. Натпреварот покрај победата го обележа и еден инцидент на трибините кои го предизвикаа Снешко и помошникот на Дедо Мраз.
Frosty the Snowman and Santa's little helper being told by a Burnley steward that they can't sit in the front row is totally against the Christmas spirit! ?⛄️#BURNEW pic.twitter.com/yorTuZD133
— Football Daily (@footballdaily) December 14, 2019
Имено, тие сакајќи да обезбедат подобро место на трибините, седнаа во првиот ред и во невообичаените костими навиваат за својот клуб. Но човекот задолжен за редот на трибините веднаш дојде до нив за да провери дали седат на местата за кои купиле карти, па откако утврди дека не се на вистиските места, ги избрка.
Оваа постапка наиде на незадоволство на навивачите кои сакаа да ги видат Снешко и помошникот на Дедо Мраз во прв ред.