Кога на почетокот на пандемијата тогашниот министер за здравство, Венко Филипче, секојдневно одржуваше пресови за да ги соопшти бројките на заразени и починати од корона, меѓу пораките што ги добиваше беа и оние на извесна Лиде Лиде.
Таа постојано го канеше на кафе и со своите шеговити коментари за кратко време се најде во центарот на вниманието. Малкумина тогаш знаеја дека зад Лиде Лиде се крие Лидија Гиновска, која во разговор за „Репортер“ откри дека сето ова со министерот почнало од забава, за да си направи да ѝ е интересно.
Тоа што почнало како шега за да им е забавно неа и на блиските, на Лидија ѝ донело проблеми на работа, во фирмата за обезбедување.
Се соочила со мобинг, а шефовите ѝ забраниле јавно да праќа пораки.
„Еден од нив ми рече: ‘Јас ќе се погрижам да не останеш овде’, и после некое време, поради притисоците си дадов отказ“, вели таа.