Син кит е виден првпат во Црвеното Море, т.е. во заливот Акаба, источно од Синајскиот Полуостров, соопшти египетското Министерство на животна средина. Причините за оваа појава допрва ќе се истражуваат.
Posted by Amir Rozanes on Вторник, 29 мај 2018
– Овие китови не се грабливци и не се опасни за луѓето. Препорачливо е, сепак, да не им се доближувате, соопшти претставник на Министерството.
Сините китови се загрозен вид. Нивната должина може да достигне и 30 метри, па важат за најголемото животно на нашата планета. Најчесто ги има во океаните и многу ретко се среќаваат во морињата. Нивниот лов е забранет.