Ако постои некое правило што го знаат сите кои дошле во допир со микробранова печка, тоа е дека никогаш ништо метално не смеете да ставите во неа.
Всушност, тоа не е во целост точно. Металот теоретски може да се стави во микробрановата, но постои „цака“. Можетеда ставите лажица, но никако вилушка.
– Ако металот има остри рабови или ако е премногу тенок, може да предизвика проблеми. Острите рабови ќе предизвикаат искрење, а тенкиот метал премногу се загрева, вели д-р Луис Блумфилд, професор по физика на Универзитетот во Вирџинија за „Хафингтон пост“.
– Значи, вилушка или на пример чиниите за достава на храна, се најчеста причина за искрење, лажиците се побезбедни, додава Блумфилд, но предупредува дека се уште е најдобро да се задржат сите метални работи подалеку од микробрановата печка.
За подетално објаснување, погледнете го видеото.