Неврологот, фотограф и авнтурист Алекс Ривест даде одговор на прашањето: што би се случило ако нагазите на вулканска лава.
Имено, за време на неговиот престој на Хаваите, каде што го фотографирал истекувањето на лава од вулканот Килаујеа, Ривест направил видео запис на кој е прикажано што се случува ако благо нагазите на вжештената маса.
– Многумина лавата ја замислуваат како супстанца слична на водата. Но во езеро од лава, не би можеле никогаш да пропаднете како во безен со вода, затоа што растопените карпи создаваат густа маса. Во контакт со лавата само благо би потонале и потоа би изгореле, објаснува Риветс за своето искуство со вулканската лава.
На оние кои би сакале да го повторат потегот на Ривест, тој им препорачува да не го прават тоа.
– Такво нешто можат да пробаат само професионалци и тоа само со цел да демонстрираат дека растопените карпи всушност се вискозни, нагласува Ривест.