Да се има куче понекогаш може да биде напорно, особено кога после цел ден на работа, се вратите дома а вашиот најдобар пријател ве чека држејќи ја во устата омилената топка, подготвен безброј да ја фати.
Сепак, има и луѓе кои се снашле на генијален начин. Еден од нив, на Јутјуб постави видео – снимка од неговото куче како во дворот само се забавува.
Не се знае кој е попаметен. Дали сопственикот на кучето (очигледно инжинерот по струка) кој направил катапулт за да овозможи неговото куче да си игра или кучето кое научи како да го користи.
Наполни катапулт, повлечи рачка, трчај по топката. Па повторно. И нема крај за среќата на кучето.