ВИДЕО: Што е изразот „420“ и како настанал?

Од:

Корсниците на марихуана веројатно знаат дека 20 април е „нивни ден“. Тоа е датумот кој Американциите го нарекуваат „Weed Day“ или многу почесто, само „420“.

Но, како денот воопшто настанал и од каде називот „420“?

Иако постојат неколку верзии – како 420 видови на марихуана во Калифорнија, бројот на активни хемикалии во марихуаната или времето за чај во Холандија, сепак најверојатна е онаа приказна дака името е поврзано со групата „Грејтфул Дед“.

Имено, во текот на божикните празници во 1990 година во Окланд, новинарот Стивен Блум шетал низ паркиралиште каде пред почетокот на концертот на „Грејтфул Дед“ се собрале хипици, а еден од нив му дал флаер каде пишувало: „Ќе се собереме во 4.20 попладне на 4/20 (20 април) на малку 420 во округот Марин“.

На флаерот пишувало и се што треба да се знае за изразот „420“. Тој почнал да се применува во Сан Рафаел во Калифорнија во доцните 70-ти години на минатиот век, како полициска шифра за „пушење марихуана“, а кога локалните конзументи на канабис слушнале за изразот, почнале и самите да го употребуваат.

Во секој  случај „420“ денес има многу значења, собирите се понекогаш чисто „рекреативни“, а понекогаш имаат и политичка позадина и елементи на социјални ангажмани, на кои покрај уживањето на канабис, се бара и легализација или декриминализација на марихуаната.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ