(ВИДЕО) Се огласи постарата жена со која принцот Хари ја загуби невиноста: „Траеше пет минути“

Од:

Тоа беше страсна средба на двајца пијани – и сосема веројатно непромислени познајници кои го напуштија пабот за да испушат цигара и на крајот се искачија преку оградата за да водат љубов на ливадата, каде што беа заштитени од погледот со густа жива ограда.

Еве како принцот Хари ја загуби невиноста во јули 2001 година, работа за која светот не би знаел ништо, доколку тој не откриеше дел од интимните детали во неговите нови, експлозивни мемоари „Spare“, пишува „Daily Mail“.

Хари призна дека во светот на возрасните го воведе една „постара жена“ која го третирала како „млад пастув“. Војводата од Сасекс не ја именуваше жената за која станува збор, но затоа таа самата се огласи во медиумите за да ја каже својата страна од приказната.

Станува збор за 40-годишната Саша Волпол, која го познава принцот уште од детството, додека се грижела за коњите на имотот на кралот Чарлс во Глостершир.

Таа за британските медиуми откри дека Хари го направил првиот потег, што резултирало со нивниот „спонтан секс полн со искри“. Таа вечер Саша го покани 16-годишниот Хари во паб за да го прослави нејзиниот 19-ти роденден. Во еден момент се префрлиле во блиската ливада за да испушат цигара и да излезат од видното поле на телохранителите на Хари.

“Почна да ме бакнува. Беше страсно, интензивно. Двајцата знаевме што ќе се случи. Брзо преминавме од бакнување до тркалање на подот. Тоа беше огнен, експлозивен момент меѓу двајца пријатели. Беше наелектризирано, особено затоа што не требаше да го направиме тоа. Тој не беше принцот Хари за мене, тој беше Хари за мене, мојот пријател, со кој работите излегоа од контрола. Бевме палави, претпоставувам, во смисла дека не треба се случи“, почна таа да ја раскажува приказната, а потоа додаде:

„Не сакавме да го направиме тоа. Не беше со предумисла и не знаев дека е невин. Изгледаше дека знаеше што прави. Беше брзо, диво, возбудливо. И двајцата бевме пијани. Да не бевме, тоа немаше да се случи“.

Во своите мемоари, Хари напиша како брзо завршила оваа врска, по што Саша го плеснала по задникот и го „испратил на пасиште“. Денеска Саша истакнува дека овој опис ја насмеал.

„Не ми пречи да го каже тоа затоа што не беше многу грандиозно, нели? Бевме пијани и имавме секс на поле“, прокоментира таа, а потоа се сети дека навистина го плеснала со раката Хари кога петминутниот однос се приближил кон својот крај.

“Тоа е неговата смисла за хумор. Ние всушност бевме на полето, каде што престојуваат коњите, па тој тоа го протолкува на хумористичен начин. Неговиот опис е точен, бев шокиран кога видов колку е искрен. Не сум навредена. Го зграпчив позади и го удрив. Малку го стиснав,имаше задник како праска.Не знам зошто го напишал тоа за пастуви,мислам дека беше повеќе затоа што работев со коњи.Да бидам искрена,не се потруди да бидам задоволна. Беше млад. Дури кога ќе пораснете ги разбирате овие работи. Тоа беше навистина момент на страст“, ​​заклучи таа.

Оваа средба беше и крај на пријателството на Саша со Хари, тие никогаш повеќе не се слушнаа, ниту се допишуваа, иако претходно често излегуваа заедно да пијат. Таа истакнува дека никогаш не била повредена, туку дека тоа лето го доживеала како крај на едно поглавје од нивниот живот. Набрзо почнала да се дружи со група пријатели чија страст биле мото спортовите, па така го запознала Јан, човекот кој сега е нејзин сопруг. Денес живее со него и води сопствен бизнис – копа темели за тераси и патеки.

Би можело да ве интересира

Принцот Хари е нервозен

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

А1он

На принцот Хари му е одземена титулата на Неговото кралско височество

Англиското издание на книгата на принцот Хари продадено во над 1,4 милиони примероци

А1он

Принцот Хари: Лага е дека сум убил 25 талибанци

А1он