Во рамки на кампањата „Да бидат невидливи“, неколку луѓе се маскирале како бездомници и седеле на улиците во Њујорк.
Стратешки биле на местата каде што секојдневно поминуваат нивните сопружници, браќа, сестри, пријатели.
Нивните блиски претходно биле интервјуирани, на тема која се однесува на важноста на семејството, а потоа со видео камера биле забележани како поминуваат покрај тие кои за нив се најважни во животот, без да фрлат поглед.
Тие на крајот го добиле видео записот, на кој поминуваат покрај своите најмили, без да ги забележат и нивните реакции биле неверојатни.
Е. Г.