Рибата-меур (Psychrolutes marcidus) стана официјална маскота на Друштвото за заштита на грдите животни, откако на изборот за најгрдо животно освои најмногу гласови.
Над 3.000 лица учествуваа во анкетата, а 795 од нив гласаа за рибата-меур, која потсетува на намќорест ќелав дедо.
Оваа риба живее во водите на Австралија, на длабочина меѓу 600 и 1.200 метри, има желатинско тело и се храни главно со ситни ракчиња.
Второто место по бројот на гласови го зазеде папагалот Какапо, а третото аксолоти, опашест водоземец.