Реклама на познатиот моден бренд „Гучи“, предизвика жестоки коментари во британската јавност, но и реакции на агенциите за рекламни кампањи.
Спорната реклама прикажува манекени во моделите на „Гучи“, кои се забавуваат и танцуваат.
Но, она што ги предизвика реакциите во јавноста е болно слабиот и анорексичен излгед на моделите, поради што рекламата е прогласена за неодговорна и дека промовира нездрав изглед, пишува „Дејли Мирор“.
– Торзото и рацете им се многу слаби и непропорционални со главата и долниот дел на телото. Исто така, нивните пози го издолжуваат торзото и ги нагласуваат многу тенките струкови, оцени претставничка на агенцијата АСА.
„Гучи“ од своја страна нагласи дека „не гледа никаков проблем“, бидејќи нивните модели „се тенки, а не слаби“, додавајќи дека рекламата е наменета за „префинета публика“.
Очигледно сметаат дека за таа публика ваквиот изглед е прифатлив и здрав, оценува „Дејли Мирор“.