Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Од:

Лекарската комора на Република Северна Македонија јавно бара од Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да постапуваат и да ја спречат злоупотребата на професионалниот интергитет и авторитет на лекарите во функција на лажно рекламирање на непроверени форми на медицински препарати, лекови, додатоци во исхрана, методи или помошни средства за лекување, што се сè поприсутни на интернет порталите и на социјалните мрежи.

„Во Комората зачестено стасуваат поплаки од доктори кои се жалат дека случајно откриваат дека нивното име и фотографија се користи за промоција и продажба на одредени производи без нивна согласност или знаење. Оваа употреба на нивниот професионален интегритет има сериозни негативни последици, како за нивната репутација како медицински професионалци, така и за пациентите кои може да станат жртви на оваа измама.

Имено, станува збор за манипулативни и лажни реклами за т.н. медицински производи, препарати и методи со непроверено потекло, состав или производство. Во рекламите се пласираат измислени изјави или интервјуа со вистински лекари и се објавуваат нивни фотографии, без лекарите да дадат соодветна согласност за користење на нивното име и професионален интегритет за рекламирање на овие препарати, поради што ова може да се смета за груба злоупотреба на личните податоци и лажно рекламирање за остварување на материјална корист. Штетата е уште поголема кога поради лажното рекламирање на препаратите пациентите може да добијат впечаток дека се работи за некои видови на чудотворни лекови, а со тоа да ја занемарат редовната терапија и да предизвикаат сериозна штета по своето здравје“, велат од Лекарска комора.

Комората ги охрабрува докторите кои се жртви на вакви злоупотреби задолжително да пријават во Министерството за внатрешни работи и кога е можно да ги предупредат пациентите за овие лажни реклами.

„До надлежните институции поголем број на лекари веќе имаат поднесено кривични пријави со соодветни докази. Комората и досега јавно реагираше и предупредуваше преку соопштенија за последиците, но сè уште немаме информација за донесени јавно-обвинителски одлуки за овие предмети.

Лекарската комора уште еднаш најостро ги осудува сите вакви злоупотреби и бара поажурно постапување за итно расветлување на случаите и соодветно санкционирање на сторителите. На овој начин ќе се заштитат и докторите и пациентите, ќе се превенира генерирање на нови случаи на злоупотреба, но и ќе се спречи можноста за предизвикување на штета по здравјето на граѓаните“, порачаа од комората.

Една од жртвите беше и микробилогот проф. д-р Никола Пановски кој на својот профил на фејсбук уште лани објави дека е жртва на интернет реклама. Тој беше револтиран од институциите во државата што со години не преземаат ништо против лажните реклами во интернет просторот.

„Еве и мене ми дојде редот. Се видов со слика и текст. И до сега сум реагирал за да ги заштитам моите колеги. Група хохштаплери и криминалци од најдолен вид, со години, преку социјалните мрежи злоупотребуваат угледни доктори, професори, дел постојат, дел се измислени. Неовластено користат нивни фотографии, нивното име и титула, постираат нешто што тие не го кажале, па потоа продолжуваат со измислени пациенти, како тоа средство им помогнало итн. На крајот производот го продаваат онлајн, за висока цена. Неовластено се богатат злоупотребувајќи го нашиот углед стекнат со децении. Јавно лажат!, напиша д-р Пановски.

Би можело да ве интересира

Директорот на „Стрежево“ купил стар ратрак кој го платил како да е нов

Кривична за двајца измамници кои од брачен пар од Струмица зеле 3.000 евра

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Орце Костов

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Македонска пошта заглавена во среден век – пратки се делат рачно, доцнат со месеци, нема начин да спречи измами со пратки