Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Од:

Не само да се казни, треба да се затвори, ова е рекција на др Пановски, чие име и лик беа злоупотребени при рекламирање и продажба на чаеви на социјалните мрежи. Случај за кој обвинителството денес информираше дека е поднесена кривична пријавс за фирмата и директорот, но предлогот е да се казнат парично.

“Фирма која лаже граѓани и им продава чаеви, лажно тврдејќи дека ги препорачуваат лекари не треба да се казни само парично, туку треба да и се забрани да работи” вели за А1он др Пановски.

Фирмата без согласност на тројца оштетени лекари, ги користела нивните лични податоци – слика, име и презиме за он-лајн продажба на два производа.

Личните податоци на тројца од оштетените лекари биле злоупотребени како тие со својот професионален авторитет да ги рекламираат и препорачуваат чаевите Паразол (Parazol) и Хипертеа (Hypertea), кои на територијата на државава ги увезувала фирмата.

Лажните интервјуа и постови, биле и споделувани на повеќе веб страници и социјални мрежи, со здравствени тврдења и лажни медицински препораки за овие производи.

Обвинител му предложи на Судот да ги огласи за виновни и одговорното лице да го казни со единствена парична казна од 70 дневни глоби со висина на дневната глоба од 30 евра во денарска противвредност, а правното лице да го казни со единствена казна од 300.000 денари.

Според Пановски оваа сума тие ја заработуваат речиси за еден ден, и се испраќа лоша порака дека сите можат да си лажат, злоупотребат лекари и нивниот авторитет, а ќе си платат смешна сума ако ги откријат.

“Јас ќе поднесам секако и граѓанска тужба со која ќе барам оштета и тоа многу поголема сума, а се со цел да се упати порака дека неможе да се злоупотребува ничие име за профит, посебно не за рекламирање на производи за здравје и да се лажат граѓаните”, вели Пановски за А1он.

Обвинителството вели дека секој од тројцата оштетените лекари ќе има можност во граѓанска постапка да си го оствари своето имотно-правно побарување за нанесената штета со злоупотребата на личните податоци.

Би можело да ве интересира

Меџити: Двоцифрен број нови лекови на позитивна листа многу брзо

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Реакција на Ирина Пановска Ставридис на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов

ОЈО: Да се изберат тројца онколошки пациенти кои ќе имат увид во целата постапка

А1он

Нов протест со шест барања и ултиматум за скандалот на Онкологија

А1он