Силвестер Сталоне (73) му се врати на својот природен изглед и престана да ги бојадисува косата и брадата.
Тој се пофали на својот инстаграм-профил со новиот изглед релаксирно обраќајќи им се на фановите додека возеше автомобил.
Сите беа изненадени затоа што славниот Роки или, пак, Рамбо беше целосно побелен, но сепак доби многу комплименти за природниот имиџ.
„Понекогаш се будам без волја да направам нешто. Само се одморам. Навистина е така.
Ако некој тврди поинаку, лаже – тоа, едноставно, е во човечката природа“, им рече на своите фанови 73-годишниот актер.
Сталоне до неодамна имаше бојосана коса во црна боја, која му порасна, а сега славниот актер немаше проблем да ја прифати својата возраст и во физичка смисла.