Јин Јужен во Внатрешна Монголија од Кина се доселила уште во 1986 година, а околу својот нов дом затекнала само нехумани климатски услови и непрегледно море од песочни дини.
Заедно со сопругот, Јин одлучи тоа да го промени и почнаа заедно да садат дрвја и тоа со сопствени средства. Во наредните 28 години посадиле дури 600.000 стебла, а тоа најпосле го забележале и локалните власти, кога напуштениот регион почнал да се претвора од пустина во шума, пренесува Shangahiist.com.
Одлучиле да инвестираат во нивната работа и дадат свој придонес кон нивниот труд, со тоа што им испратиле нови садници, кој овој пат Јин и нејзиниот сопруг не мораат да ги платат.
Јин и нејзиниот сопруг направиле од пустината, 1.600 хектари зелена површина.