(ВИДЕО) Правата на актерките ги „запалија“ Мерил Стрип и Џенифер Лопез

Од:

На овогодишното доделување на наградите на Американската филмска академија, оскарот за споредна женска улога го освои Патриша Аркет за филмот „Boyhood“.

Како што е редот во такви ситуации, Аркет се заблагодари на сите кои се заслужни за нејзиниот успех, но при тоа во обраќањето уфрли и еден невообичаен „детал“.

Имено, таа се осврна на практиката во Холивид актерките да добиваат помали хонорари од актерите.

– Доста се боревме за туѓи права, време е да почнеме да се бориме за своите… Време е да постигнеме еднаквост во хонорарите еднаш засекогаш. Еднакви права за жените во САД, порача Аркет.

Ваквиот апел на Аркет наиде на бурна реакција во публиката, а при тоа како особно бучни се истакнаа Мерил Стрип и Џенифер Лопез.

Би можело да ве интересира

Филмот „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Хејли Бибер рекламира долна облека, но кученцето Оскар го краде шоуто

Филмот „Сестри“ национален кандидат за наградата Оскар за најдобар интернационален филм

А1он

„Врба“ на Милчо Манчевски – македонски кандидат за „Оскар“ во 2021

Катерина Ѓуровски

Доделувањето на Оскарите следната година е поместено за 25 април

Ана Ололовска

ВИДЕО: Атиџе ја запеа песната со која сака да настапи на Оскaрите

Кристијан Ландов