ВИДЕО: Орангутан плачел кога го спасиле од кафез

Од:

Бади е едногодишен орангутан, кој хуманитарната организација „Интернешнал анимал рескју“ го пронашла речиси пред смрт.

Неговиот сопственик цела година го држел затворен во мал кафез за кокошки и го хранел само со конзервирано млеко, поради што здравјето сериозно му е нарушено.

Како што пренесе „Дејли меил“, кога ветеринарите од организацијата го пронашле Бади бил неухранет, болен и исплашен, а поради пореметување на коските речиси и не можел да се движи.

Како што вели Алан Најт директор на оваа организација, на почеток седењето или какво друго движење му предизвикувале болка така што тој често плачел.

– Ниту едно живо суштество не би смеело да ги почувствува страдањата и болката со кои се соочи Бади. Освен тоа мачење траело со месеци, а при тоа цело време бил осамен во мал кафез за кокошки. Ниту еднаш не добил некаква цврста храна освен млеко, поради што здравјето сериозно му е нарушено. Кога нашите ветеринари го извлекле Бади од кафезот, неговите очи се наполниле со солзи и започнал да плаче, рекол Најт.

Неговата состојба од ден на ден е се подобра и сам може да се храни со млеко од шише. Сепак негата на малиот орангутан чини речиси 5.000 фунти годишно, поради што оваа хуманитарна организација собира донации кои ќе помогнат Бади што поскоро да се врати во дивината.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он