Оптичките илузии, при кои ќе ви бидат прикажани низа инсерти што би можеле да ве наведат на погрешен заклучок, се многу добра комбинација за забава и „тренинг“.
Таква низа изработи порталот „БазФид“ во своето видео наречено „Тест за оптички илузии: Може ли лесно да ве измамат?“.
Во него можете да одговорите на низа поставени едноставни прашања на кои ќе добиете и одговор и така веднаш ќе дознаете колку вашите очи (и мозок) „зарибале“.
Како нарачано за утринско будење.