Британскиот принц Вилијам, неговата сопруга, принцезата Кејт и нивниот син Џорџ беа во публиката на Вембли, на финалниот натпревар од Европското фудбалско првенство, кое Англија го загуби на пенали од Италија, а на нова снимка објавена на Инстаграм може да се види како родителите го тешеле малиот принц Џорџ, кој беше видно разочаран од горчливиот пораз.
Реакциите и изразите на лицето на малиот британски принц станаа хит на интернет, откако тој се муртеше сѐ повеќе, како што се ближеше крајот на мечот.
Еден корисник на Твитер го даде можеби најдобриот коментар: „Тагата на лицето на принцот Џорџ ја претставува цела Британија“.