Има повеќе видови масажи, но онаа каде ве масираат змии секако е нешто друго. Таква услуга нуди една зоолошка градина на Филипини – за време на 15 минути акција на храбрите учесници се ставаат четири огромни бурмански питони. И сето тоа е бесплатно за да се поттикнат посетителите на повеќе интеракција со животните.
Во зоолошката градина сакаат сите посетители кои тоа го сакаат да добијат можност да се доближат со некои од животните, пишува Oddity Central.
Четири змии масерки, Валтер, ЕЈ, Даниел и Мишел, пред масажата јадат по десет кокошки за да се избегне гладот во непријатните моменти. Никој не сака да се нахрани со својот клиент. Клиентите исто така добиваат сигурносни упатства.
Оваа масажа сигурно може да се нарече чудна, а сигурно и дека змиите немаат поим што се случува. Искуството е совршено за оние кои секогаш се подготвени да пробаат нешто ново.