ВИДЕО: Носи кошула од злато и се шета со телохранители

Од:

Индискиот магнат Панкај Парах ги премина границите на невкусот.

Имено, за да покаже колку е успешен, мултимилионерот порачал кошула која ќе биде изработена од четири килограми чисто злато.

Кошулата си ја порачал како „најдобар подарок за неговиот 45-ти роденден“.

– Посакав да носам нешто посебно за на посебен начин да се пофалам со успехот, објаснува индискиот богаташ, кој започнал успешен бизнис, иако бил необразован.

За златната кошула, односно за златото од кое таа е направена, платил 160 илјади евра, но уверен е дека ја направил вистинската инвестиција, бидејќи сега е главна ѕвезда на улиците.

– Јас никогаш не излегувам без три килограми златен накит. Жените ми се воодушевуваат, мажите ми завидуваат, додава Парах, нагласувајќи дека златото го фасцинира уште од детството.

– Кога правев свадба луѓето велеа дека е срамота што носам повеќе злато од невестата, но едноставно сакам злато, објаснува, додавајќи дека кошулата од 22 каратно злато која е пријатна за носење и може да се пере како било која друга кошула.

За да се осигура од можен напад, Индиецот ангажирал и неколку телохранители, меѓутоа тврди дека тоа не е доволно.

– Признавам дека мора да бидете храбри за да носите кошула како оваа. Но, мора да носите и пиштол како мојот за кој поседувам дозвола и кој го носам со себе секој пат кога ќе излезам од дома, вели Парах.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ