Еден работник во ресторан на „Мекдоналдс“ во американската сојузна држава Минесота бил многу лут кога добил отказ, па решил да остане запаметен по незаборавното „шоу“ за збогум.
Пред да го напушти работното место неименуваниот Американец искршил се што можело да се скриши во ресторанот и ги навредувал своите дотогашни колеги.
Тие заедно со шефот се обидувале да го смират бесниот работник, кој ги „почестил“ со пцости и навреди, но не успеале во тоа.
Ненормалното однесување на отуштниот работник го снимиле гости во ресторанот, кои потоа видеозаписот го објавиле на интернет. За помалку од 24 часа видеото имало над 50.000 прегледи.