На Јутјуб се појави снимка на која е прикажано како возач на мотоцикл удира во автомобил во движење.
Момчето од Флорида кое ја објави снимката, под видеото напишало оти „не забележало дека автомобилот пред него кочи, а кога сфатил дека би можело да дојде до судар веќе било предоцна“, бидејќи возел 110 километри на час.
На видеото може да се види моментот на сударот и „летот“ на момчето преку автомобилот, но и како луѓе доаѓаат до него и проверуваат дали е се во ред.
Момчето за среќа помина неповредено и реши од сега да вози само автомобил.