Многу деца, поради одредени состојки, се алергични на влажните марамчиња што се купуваат во продавница. Така, една мајка одлучи на социјалните мрежи да сподели едноставен начин – како да се направат домашни влажни марамчиња.
Состојки:
– ролна тоалетна хартија (повеќеслојна, колку подебела, толку подобро);
– вода;
– масло за бебешко тело;
– детски течен сапун.
Подготовка:
Во еден филџан вода помешајте две големи лажици течен сапун и една лажица од маслото. Со таа мешавина, посипете ја ролната. По 10 минути, свртете ја ролната, за течноста да се впие насекаде.
Потоа ќе извадете го картонот од ролната и влажните марамчиња се подготвени за извлекување.