Екатерина Џалева на возраст од 83 години, повеќе од 50 години носи пошта по истата планинска рута во Северна Осетија.
Посетувајќи ги жителите на трите села, таа патува околу 40 километри на ден, шест дена во неделата.
Џалева признава дека често „забошотува“ бидејќи жителите во селата каде што носи пошта ја познаваат па кога ќе ја сретнат ја земаат со себе во нивните автомобили.
Russia’s oldest postwoman walks 25 miles a day on a mountain route to deliver the mail pic.twitter.com/F3h5OUfgy9
— Reuters (@Reuters) October 30, 2019
“Мојата плата не е голема, но ми помага. Полесно ми е да шетам. Полесно е да разговарам со луѓе. Доживеав многу страдања во животот и кога не правам ништо, размислувам за тоа и ми е тешко. Но, кога ќе ја напуштам куќата станува полесно “, рече Џалева за Ројтерс.
Таа раскажува дека ја избрала оваа професија кога била дете, благодарение на локалниот поштар кој носел вести од фронтот за време на Втората светска војна.
„Си реков дека кога ќе пораснам, дефинитивно ќе станам поштар. Тогаш луѓето ќе ме чекаат и ќе ме сакаат“, рече ветеранот за поштенски услуги.