Не особено атрактивен простор, уште понеатрактивни гости, по малку морничава атмосфера и генерално чувство дека гледате некоја бизарна шега.
Сето тоа, па дури и повеќе, можете да го пронајдете во промотивното видео на еден ноќен клуб објавено на Јутјуб.
Секако, кога нешто е вака шокантно лошо, тоа задолжително добива популарен третман на интернет, па така за само два дена овој спот го прегледале повеќе од 1,3 милиони гледачи.
Се поставува прашањето дали ова е најдоброто или најлошото промовитно видео на некој клуб во светот, но секако едно е сигурно – тоа стана вистински хит.