Жителите на рускиот град Владивосток го урнаа Гинисовиот рекорд правејќи со своите тела слика на националното знаме.
Вкупно 26.904 жители се собраа на градскиот мост Златни рог, држејќи бели, сини и црвени знамиња, за да направат 707 метри долго руско знаме.
Крег Глендеј претставникот од Гинисовата книга на рекорди присуствуваше на настанот и на градоначалникот на Владивосток, Игор Пушкарев му врачи сертификат.
Претходниот рекорд е поставен во Пакистан, кога 24.000 лица го направија своето национално знаме.
Елена Георгиевска