ВИДЕО: „Му пукнал филмот“ па на сред аеродромот се соблекол само по чорапи

Од:

Еден вработен на аеродромот во рускиот град Санкт Петербург стана ѕвезда на интернет, откако се соблече само по чорапи пред вооружените чувари.

Имено, по завршувањето на работното време 31-годишниот Георги Мјакинкин тргнал да си оди дома, но кога излегол од аеродромската зграда се сетил дека на работа ги заборавил клучевите од неговиот стан.

– Се вратив на аеродромот и токму бев во делот каде доаѓаат патниците, кога ме застанаа и ме замолија да го извадам ременот и да поминам низ скенерот. Ги знам правилата и знам дека не е потребно во тоа подрачје да се биде така суров. Но, чуварите беа претерано нерасположени и кога одбив и реков дека се враќам по клучевите, тие викнаа полиција, објасни тој по случката.

Полицајците, исто така, побарале од него да го извади ременот, по што тој се налутил, целосно се соблекол и низ скенерот минал само по чорапи.

Збунетите полицајци останале без текст и му дозволиле да се облече и да си оди.

Следниот ден кога се дошол на работа, дознал дека снимката од видео надзорот се појавила на интернет и дека станала вистински хит.

Започната е истрага за тоа кој ја објавил снимката во јавноста, а Георги решил да ја тужи полицијата поради објавување на видеото.

– Знам дека ја пуштија снимката во јавност за да ме посрамотат, но јас последен ќе се смеам, изјави Мјакинкин.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ