„Британија има Талент“ вообичаено ги привлекува пејачите и танчерите, но тоа не е случај со 26-годишниот магионичар Дарси Оак, кој се издвои од масата со неверојатните трикови.
Дарси целиот негов живот се занимава со трикови, се специјализирал за трикови со гулабите кои ги вади од ракавите, џеповите, а повремено птиците како да се појавуваат од никаде.
Во секој случај, жирито и публиката во студиото беа воодушевени, а и го привлече вниманието на гледачите на Јутјуб, каде неговото видео за помалку од два дена го виделе преку милион и 300 илјади пати.