Главните вести од хрватското крајбрежје изминатава недела јавуваа за лошите временски услови и постојаните бури, кои ги поплавија шеталиштата во Макарска, ги загрозија рибарските бротчиња во Вела Лука на Корчула, предизвикаа насукување на траект во Задар… но во целиот тој хаос, една девојка одбра да изведе свој уметнички перформанс на пристаниште среде силните јадрански зимски ветришта.
Ова наводно не е првпат мистериозната девојка да изведува нешто слично – таа веќе танцувала на познатите „оргули“ на задарската рива, а нејзината вчерашна изведба, грациозна и храбра, додека ветрот југо дува во налети и до 90 километри на час, предизвика поделени реакции на мрежите.
Дел од коментарите забележуваат дека девојката само го покажува традиционалниот далматински пркос кон југото, додека за други – нејзината постапка е непромислена и опасна.