ВИДЕО: Мајмуните во зоолошката градина ги бојкотираат посетителите

Од:

Бизарно однесување на група мајмуни во зоолошката градина во Холандија, вработените ги остави без текст.

Група од 112 мајмуни оваа недела стоеше речиси замрзната на едно место, свртувајќи им ги грбовите на посетителите во зоолошката градина.

Освен што одбиваат да се помрднат, мајмуните исто така го изгубиле и апетитот, а разни теории за нивното однесување веќе се оформиле.

Така, една од теориите е дека мајмуните виделе или дури измислиле предаторите, па дека се во страв да не ги нападнат, додека друга, дека почувствувален лесен земјотрес и дека тоа ги уплашило.

Вијрен Ландман, еден од вработените вели дека едно утро едноставно почнале да се однесуваат чудно.

– Не скокаа и не беа хистерични, едноставо почнаа да бидат сомничави и уплашени без причина, рече Ландаман.

Сите мајмуни се родени во заробеништво, немале никаков допир со дивината, што уште повеќе ја распламти фантазијата на љубителите на теоријата на завери, и така се појави и информацијата дека можеби виделе и НЛО.

Меѓутоа, работите полека се враќаат во нормала, па некои од мајмуните веќе почнале да јадат помали порции јаболка, па се очекува дека и другите ќе го следат нивниот пат.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он