Во надеж дека ќе им го олеснат транзитот на патниците низ својот аеродром, Литванците дошле до една необична идеја.
Тие ја накитиле елката со предмети кои се забранети да се носат во рачниот багаж, така што секој кој влегува во авионот, ќе мора да види турпии, ножеви, ножички и останати несакани предмети како „лампиони“.
Патниците се воодушевени, а и вработените на аеродромот од оваа елка.