Вработените во зоолошката градина во англискиот град Броксборн решија да му подготват изненаување на белиот лав Мото по повод неговиот десетти роденден, но кога пред него падна мал балон од сапуница тој се преплаши и побега.
Балонот падна на земја и пукна, што го исплаши Моту.
Сето тоа го сними чуварот во зоо паркот „Рај во дивината“, Тони, кој потоа ја објави снимката на Фејсбук страницата на зоолошката градина.
– Среќен ти десетти роденден, Мото! Еве еден од не баш светлите моменти кога се исплаши од малиот балон од сапуница, пушува под снимката.