Сопственикот на приватниот резерват за животни „Маракеле предатор“ во Јужноафриканската Република се здоби со тешки повреди откако го нападна лав, пред очите на посетителите.
Мајк Хоџ од Велика Британија е пренесен во болница со повреди на вратот и вилицата, откако целосно незаштитен влезе во заградениот дел каде што се наоѓаат лавовите.
– Мајк со еден од своите ренџери отиде до капијата да провери супстанца што чудно мирисаше и ги вознемируваше лавовите. Тој има многу искуство и знае како да постапува со нив, но очигледно нешто тргна наопаку, изјави негов пријател.
Шокираните посетители во паника започнаа да викаат, а лавот бил усмртен со пушка.